ИНСТАТ: Расте извозот на албански производи за Македонија, се намалува увозот на македонски во Албанија
Во првите пет месеци од годинава албанскиот извоз во Северна Македонија се зголемил за речиси 1,7 милијарди лека (15, 7 милиони евра) споредено со истиот период минатата година.
Според официјалните податоци на Институтот за статистика, ИНСТАТ, за надворешно трговската размена, во периодот јануари-мај, во Северна Македонија се извезени стоки во вредност од околу 9,2 милијарди лека или 82,2 милиони евра.
Наспроти растот на албанскиот извоз се намалува увозот на македонски производи во Албанија.
- Во овој извештаен период забележан е пад на увозот на стоки од Северна Македонија и тоа за 813 милиони лека(7,5 милиони евра). Според податоците, увозот резултира со бројки од 5,8 милијарди лека (53,7 милиони евра) наспроти 6,6 милијарди лека (61,1 милиони евра) колку што бил во првите пет месеци од 2022 година, наведува ИНСТАТ.
Најизвезувани производи и понатаму се свежите производи: домати, краставици, свежа риба, свежо цитрусно овошје, производи од тесто итн.
Албанија и Северна Македонија тесно соработуваат во рамките на спроведувањето на договорот ЦЕФТА 2006 година и од 2011 година трговијата меѓу двете земји е либерализирана и работи без царински давачки.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот