Балкан
11. May 2016 - 9:14

Инфлацијата во Албанија и во април 0,3 проценти

Инфлацијата во Албанија продолжува да биде на минимално ниво веќе три месеци по ред, забележувајќи економска ситуација без преседан, костатира тиранската телвизија Топ-чанел, јави дописникот на МИА од Тирана.

Институтот за статистика, ИНСТАТ, соопшти дека во април заблежана е инфлација од 0,3 проценти, што е на истото ниво како и во месец март, додека во февруари таа била на ниво од 0,2 проценти.

- Деталните податоци потврдуваат дека главна причина за ниската инфлација останува падот на цената на нафтата.Но, пад на цените е збележан и во групите облека и здравство, додека две група каде се забележува постојано зголемување на цените се групата храна и образование, наведува телевизијата.

Според истиот извор ова е првпат инфлацијата во Албанија три месеци по ред да бележи ниво околу нулата, состојба која многу експерти ја сметаат за непосакувана за економијата, бидејќи сигнализира ниска потрошувачка.

Падот на инфлацијата на ова ниво ја вознемири Централна банка која повторно ја намали основната каматна стапка за 0,25 и таа сега изнесува 1,25 проценти што претставува историски минимум. Тоа со цел да го поддржи производството и да не дозволи економијата да оди во дефлација.