Имате ваков проблем за време на циклусот? - Веднаш одете на гинеколог!
Жените знаат колку болен периодот на месечниот циклус, но сепак, и покрај непријатноста постојат ситуации на кои мора да обрнете внимание за вашето здравје.
Доколку во текот на месечното крварење мора да ја менувате влошката или пак тампонот на секој час, или пак ако вашиот циклус трае подолго од вообичаениот рок, односно седум дена, веднаш треба да посетите гинеколог.
Истражувањата покажале дека дури 80 отсто од жените не сакаат да побараат помош за проблемите во текот на циклусот.
Причината за подолгото и пообилно крварење може да биде пореметување, кое го имаат дури 25 отсто од жените, но ретко се одлучуваат да побараат помош и да стават точка на овој болен проблем. Овој проблем може да се должи и на појавата на анемија.
Исто така, еден од најважните начини да се сопрат болките е да внимавате на исхраната и секако да спортувате.
Ново на Сител
-
Претрес во Кондово, пронајден пиштол, лишено од слобода едно лице
-
Вишиот суд во Нови Сад утре ќе ја објави одлуката за обвинението за падот на настрешницата
-
Студентите на Правниот факултет во Скопје после 15 години го промовираа првото стручно списание
-
Сообраќајка пред влезот на Влае, се судриле три возила
-
Инвеститорот којшто урна ѕид од станбена зграда ќе биде соодветно казнет, велат од Општина Ѓорче Петров
-
Казнета кланица поради непочитување на законски одредби за нештетно отстранување на нус производи по колење
-
Сите основни училишта во државава ќе добијат примерок од македонскиот Правопис
-
МВР: Секторот за компјутерски криминал презема мерки за истраги и справување со „фишинг“ - напади