-->
-->
И Холандија најавува прекин на првенството?!
-->
УЕФА се наоѓа во сè потешка состојба и нештата излегуваат од контрола поради пандемијата на коронавирус. Белгијците решија да ја прекинат лигата и да го прогласат Бруж за шампион, што УЕФА веднаш го осуди. Заканата од УЕФА пристигна брзо. Лидерите на Европската куќа на фудбалот испратија закана до националните федерации дека секој што ќе избере да преземе ваков чекор, ја ризикува можноста за учество во европски натпреварувања во наредната сезона.
Холанѓаните очигледно не се грижат за тоа и најверојатно ќе ги прекинат натпреварите во Првата лига и ќе го прифатат тековниот пласман. Раководството на Ајакс е главен поборник на оваа идеја. Копјаниците во моментов се изедначени со АЗ Алкмар на врвот на табелата, но заради подобра гол-разлика, тие би го задржале трофејот во нивните витрини. Интересно е што оваа идеја е поддржана и од челниците на АЗ Алкмар, иако до крајот на првенството тие би имале шанса да направат изненадување и да станат шампиони. Исто така, и ПСВ е за прекин на лигата. Предлогот за прекинување на лигата го потпишаа сите капитени на клубовите во Ередивизијата. Премиерот на Холандија, Марк Руте, забрани јавни собири до 1 јуни, што значително влијае на потенцијалниот календар на Ередивизијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите