Хуманитарна изложба во Кавадарци
Хуманитарна изложба се одржа денеска во Домот на културата „Иван Мазов Климе” од Кавадарци, беа изложени дела од тројца уметници, како и слики од децата од Дневниот центар за лица со посебни потреби „Свети Кирил” од Скопје и од нивните родители.
Олгица Георгиева како претставник на Центарот, информираше дека установата постои три години и за тоа време, таму биле згрижени 42 деца со посебни потреби.
- Со нив работат физиотерапевт, логопед, психолог, педагог, професор по ликовна уметност, појасни Георгиева.
Изрази благодарност до општина Кисела Вода, која им доделила објект за Центарот.
- Се работи за поранешно училиште кое било напуштено петнаесет години. Го реновиравме и адаптиравме самите. Сега условите се идеални за децата. Меѓутоа, се уште фалат многу работи. Константно има потреба од обновување на дидактичките материјали. Ни фали ограда, уште сензорна интеграција. Сакаме и кујна бидејќи јас во саботите самоиницијативно ги обучувам децата кои се заинтересирани да готват, рече Георгиева.
Во Кавадарци беше и Розе Мојсовска, лице со посебни потреби кое црта со помош на устата.
- Пресреќна и презадоволна сум од изложбата. Сакам да порачам дека и ние со посебни потреби можеме да работиме на специфичен начин, нагласи Мојсовска.
Ново на Сител
-
Захарова: Руската делегација пристигна во Истанбул, подготвена за сериозни разговори
-
Лишени од слобода две лица во Гостивар и Тетово, возеле со 1.74 и 1.52 промили алкохол во крвта
-
Охрид домаќин на финалниот турнир во ракометниот Куп на Македонија
-
Абутовиќ и во новата сезона во дресот на Еурофарм Пелистер
-
Фудбалерките на Љуботен го освоија Купот на Македонија
-
Босна ја освои титулата во АБА 2
-
Папата Лав Четиринаесети го прими Синер
-
Мбапе се запиша во историјата на Реал Мадрид