Хуманитарна акција во општина Карпош
По повод Деновите на Општина Карпош, викендов во општината се одржа хуманитарна акција насловена „Да бидеме хумани кон нашите соседи“. Целта на акцијата е да им овозможи на граѓаните од Карпош да донираат прехранбени производи и средства за хигиена, кои потоа ќе им се врачат на семејства кои се во потешка материјална состојба.
Меѓу донаторите беше и градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, кој изјави дека во општината има околу 130 до 140 социјално загрзозени семејства кои локалната власт ги поддржува во текот на целата година, финансиски и со хуманитарни акции.
- Вакви акции се одржуваат три пати годишно: за време на Денот на Општината 3 Ноември, за Божиќните празници и за Велигден. Се надевам дека ваквата нивна состојба е од времен карактер и ги повикувам сите граѓани коишто сакаат да помогнат со барем еден продукт од храна и хигиенски средства кој ќе го купат да го одвојат за загрозените сограѓани. Потоа ние ќе направиме пакети кои ќе им ги дадеме на оние на кои им е најнеопходно, барем десетина дена да минат побезгрижно. Карпош е општина на солидарноста и токму затоа ние сме водечка општина во делот на премостување на сиромаштијата, рече Јакимовски.
Хуманитарната акција беше 16-та по ред што ја организира Одделението за социјална заштита при Општина Карпош.
Ново на Сител
-
Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски
-
Новиот состав на Собранието треба да се конституира најдоцна 20 дена по изборите
-
Битиќи соопшти дека поднесува оставка од функцијата потпретседател на СДСМ
-
Претседателката на ДОМ поднесе оставка
-
Орбан честита на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска-Давкова
-
Гордана Силјановска Давкова победи на претседателските избори
-
ДИК: Од обработени 99,27% од гласовите ВМРО-ДПМНЕ ќе има 58 пратеници, ДУИ 19, СДСМ 18, Вреди 13, а Левица и ЗНАМ по 6
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за претседателските и парламентарните избори