Хоти: Ќе отвориме косовска амбасада во Ерусалим и покрај противењето на ЕУ
Косовскиот премиер Авдулах Хоти изјави денеска дека официјална Приштина ќе отвори амбасада во Ерусалим, согласно договорот со американскиот претседател Доналд Трамп и покрај противењето на ЕУ, јави Радио Слободна Европа.
Хоти рече дека тоа е обврска која ја презела Приштина и оти ќе продолжи со примената на тој договор.
По денешната средба во Брисел, Хоти рече дека денеска во Брисел не станало збор за договорот во Вашингтон, но најави усогласување со европската политика во иднина.
– Тоа не беше тема на состанокот. Нашата перспектива е интеграција во Европската унија. Немаме друг начин, мора напорно да работиме со ЕУ. Договорот беше постигнат во Вашингтон, а признавањето од Израел е важен чекор за консолидирање на државноста на меѓународната сцена. Ќе работиме заедно. Заедно со ЕУ и САД за зајакнување на државноста на Косово. Ја презедовме обврската и ќе се движиме во таа насока, рече Хоти.
Како што објаснија европските официјални лица за Радио Слободна Европа, самото прашање за отворање амбасади во Ерусалим било неочекувано и нешто што многу го изненадило Брисел.
– Не постои ниту една ЕУ амбасада во Ерусалим. Канцеларијата на делегацијата на ЕУ не е во Ерусалим, изјави денеска портпаролот на ЕУ Питер Стано. Тој потсети на заедничкиот став на Европската унија дека статусот на Ерусалим за ЕУ останува непроменет и дека тие се за „моделот на две држави“. Затоа, европските официјални лица очекуваат и Косово и Србија да ја усогласат својата надворешна политика со онаа на ЕУ, пренесува РСЕ.
Ново на Сител
-
АМСМ: Камионите се пренасочуваат од Блаце, има проблем со терминалот
-
Путин: Руските сили напредуваат на сите фронтови во Украина
-
Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија
-
Палчо вечерва слетува во Македонија - ќе биде пренесен во Шутка
-
Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор при собраниска седница
-
Пронајдена почината Аргентинка во хотелска соба во Охрид
-
Курти за вонредни избори во Косово: Опозицијата да се подготви, ние сме секогаш подготвени
-
Фицо е во тешка животозагрозувачка состојба