Свет
21. April 2017 - 10:40

Хорор: Најмалку 26 средношколци повредени во автобуска несреќа

Најмалку 26 ученици од средно училиште и една возрасна личност од Охајо се повредени во автобуска несреќа од соседната сојузна држава Западна Вирџинија, соопшти локалната полиција. 

Американскиот весник „Интелиџенсер“ јави дека автобусот, кој превезувал спортисти од средното училиште „Бакеј Локал“ од Рајланд во Охајо, удрил во дрво во четвртокот вечера по локално време. 

Учениците патувале на тренинг по американски фудбал на Универзитетот „Вест Либерти“ во Западна Вирџинија. 

Полицијата соопшти дека најверојатно брзото возење имало улога во несреќата.