Хорор: Четворица повредени во трката со бикови во Памплона
Во првата годинашна трка со бикови што е во рамките на фестивалот „Сан Фермин“ во шпанскиот град Памплона, се повредени четири лица, стои во болничките извештаи.
Трката започнала во осум часот изутрина. На неа традиционално учествуваат илјадници луѓе, чијашто цел е да ја поминат патеката долга 850 метри, бегајќи од биковите, и сето тоа да заврши со корида. На трката имало шест бикови, и таа траела само 2 ипол минути.
Д-р Мануел Монтесино од градската болница наведува дека тројца имаат повреди на главата, а едно лице се здобило со повреда на раката, но ниедно од нив не е прободено со рогови.
Фестивалот „Сан Фермин“, кој трае девет дена, стана познат благодарение на романот „Сонцето повторно се раѓа“ од Ернест Хемингвеј и годишно привлекува илјадници домашни и странски туристи.
ww.
Ново на Сител
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор