ХК: Притворот не е неопходна мерка за Моника Ристовска
Хелсиншкиот комитет за човекови права смета дека одредениот 30-дневен притвор на активистката Моника Ристовска, позната како Моника Конопова, не е неопходен за водење на кривичната постапка и препорачува други видови на мерки на претпазливост заради обезбедување на присуство во постапката за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекусори“ – според член 215 од Кривичниот законик.
Хелсиншкиот комитет препорачува мерката притвор да се користи како мерка на претпазливост во исклучителни случаи, а не како репресивен механизам.
- Во оваа прилика потсетуваме и на неприфатливата селективност при одредување мерка притвор од страна на надлежните органи, особено во случаи на корупција и организиран криминал. Исто така, следејќи го светскиот тренд за декриминализација и легализација на употребата на канабисот, ја повикуваме Владата сериозно да ги земе предвид иницијативите за подготовка на нови законски решенија во оваа област, соопшти Хелсиншкиот комитет.
Ново на Сител
-
АМСМ: Камионите се пренасочуваат од Блаце, има проблем со терминалот
-
Путин: Руските сили напредуваат на сите фронтови во Украина
-
Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија
-
Палчо вечерва слетува во Македонија - ќе биде пренесен во Шутка
-
Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор при собраниска седница
-
Пронајдена почината Аргентинка во хотелска соба во Охрид
-
Курти за вонредни избори во Косово: Опозицијата да се подготви, ние сме секогаш подготвени
-
Фицо е во тешка животозагрозувачка состојба