Хаваи стана првата американска држава која усвои закон согласно барањата на Парискиот договор за климата
Хаваи е првата американска држава која усвои закон за воведување на еколошки стандарди во согласност со барањата на Парискиот договор за климата, пренесоа британските медиуми.
Гувернерот на Хаваи, Дејвид Ајџ, го потпиша законот што од државните службеници бара да ја испланираат реакцијата на државата на климатските промени.
- Луѓето на Хавајските острови доаѓаат за да се насладуваат на животната средина. Климатските промени им се закануваат на нашите подводни гребени и нашето време, а тоа и се заканува и на нашата економија, изјави Скот Глен, советник за животна средина на гувернерот на Хаваи.
На Хавајските острови веќе постојат строги еколошки правила, но новиот закон е прв во кој директно се споменуваат стандардите на Парискиот договор за климата. Законот предвидува создавање на државна комисија, која ќе ги истражува климатските промени и ќе изготви детален план за реакција како на покачувањето на нивото на океанот, така и на климатските промени во целина. Услов е овој план да е во согласност со одредбите и стандардите, за кои се залага Парискиот договор за климата.
Според американскиот претседател Доналд Трамп, договорот е закана за милиони работни места во САД. Тој минатиот четврток соопшти дека неговата земја ќе се повлече од договорот.
Гувернерите на Калифорнија, Њујорк и Вашингтон, соопштија дека создаваат климатска унија на држави кои ќе ги почитуваат обврските од Парискиот договор. Хаваи уште минатиот петок се приклучи кон оваа унија.
Ново на Сител
-
Роналдо прв фудбалски милијардер во историјата
-
Италија ќе забрани носење бурка или никаб на јавни места
-
Уапсена сопругата на Шинаи во кој беше пукано вчера во Куманово
-
Полиција утврдила дека куферот оставен кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ е празен
-
Голема полициска акција во повеќе скопски населби, се апсат дилери на кокаин
-
По три години затвор за сопствениците на диви депонии во Вардариште
-
Во центрите за јавно здравје обезбедени 2.400 комерцијални вакцини против сезонски грип
-
Дојава за бомба кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ