Харадинај: Косовската граница со Црна Гора е на Чакор
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска изјави дека границата меѓу Косово и Црна Гора е на Чакор.
- Косово има своја Државна комисија од која очекувам резултати. Јас сум сигурен дека границата е на Чакор, изјави Харадинај по средбата со косовската министерка за животна средина Албена Решитај.
Ваквата изјава на Харадинај всушност претставува индиректен одговор на барањето на шефот на државата Хашим Тачи, косовскиот Парламент што побрзо да го ратификува веќе склучениот Договор за демаркација на границата со Црна Гора.
Со овој Договор, предвидено е врвот Чакор да и припадне на Црна Гора.
Договорот за обележување на косовско-црногорската граница беше потпишан во август 2015 година, но досега е ратификуван само од страна на Црна Гора.
Во врска со прашањето околу повлекувањето на одлуката на Суринам за признавање на Косово, Харадинај кусо одговори дека нема враќање на независноста на Косово, додавајќи дека тој случај не е потребно да се коментира.
Ново на Сител
-
Бостон прв финалист во НБА плејофот
-
Денеска ќе се одржи Конститутивна седница на парламентарниот состав 2024-2028
-
135 сообраќајни санкции во Скопје
-
Повеќе од 20 лица загинаа во големите бури во САД – 300 илјади луѓе останаа без струја
-
Министрите за одбрана на ЕУ ќе разговараат за помошта за Украина и одбранбената индустрија
-
Прва седница на новиот парламент во Техеран по смртта на претседателот на Иран
-
Советот за безбедност на ОН ќе одржи итен состанок по нападот во Рафа
-
Состојба на патиштата