Груевски на средба со Могерини и на Самит на Европската народна партија во Брисел
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски со партиска делегација утринава во Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) во Брисел ќе се сретне со Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини, јави дописникот на МИА од Брисел.
Во рамки на неговата тридневна посета на европската престолнина, Груевски синоќа во Европскиот парламент се сретна со претседателот на Комитетот за надворешни работи на ЕП (АФЕТ), Дејвид Мекалистер, а потоа и со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск. Оваа негова посета на Брисел, според поранешниот македонски премиер е со единствена цел во разговорите со високите претставници на ЕУ да се најде начин да и се помогне на Македонија да го забрза својот од кон евро-атлантските интеграции.
- Укажав дека е време да се најде начин да и се помогне на Македонија да ги почне преговорите. Не да говориме за одмрзнување на препораки и слично, туку за почеток преговорите, отворање на поглавја и завршување на тие преговори, што ќе заврши со членство на Македонија во Европската унија. Од тој аспект, јас укажав дека ние како ВМРО-ДПМНЕ сме подготвени во македонскиот парламент да дадеме поддршка за се што ќе процениме дека ќе биде од корист за граѓаните и за државата. Нормално е дека како опозиција и ќе го критикуваме тоа што ќе дојде, а што ќе сметаме дека можеби не е најдобро срочено и обмислено, изјави синоќа Никола Груевски.
Централен настан од тридневната посета на поранешниот премиер на Република Македонија на Брисел е Самитот на Европската народна партија (ЕПП), најбројната пратеничка група во Европарламентот, чија придружна членка е и ВМРО-ДПМНЕ, а кој ќе се одржи точно на пладне На овој Самит на ЕПП, кој ќе се одржи во Кралската академија на Белгија, покрај Никола Груевски, ќе присуствуваат и Туск, челникот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер и претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани. Исто така, најавено е и присуство на Ангела Меркел (канцеларка на Германија), како и на премиерите Маријано Рахој (Шпанија), Никос Анастасијадис (Кипар), Клаус Јоханис (Романија), Бојко Борисов (Бугарија), Виктор Орбан (Унгарија), Андреј Пленковиќ (Хрватска) и Лео Варадкар (Ирска).
Попладнево, пак, Никола Груевски има закажано билатерална средба со известувачот за Македонија во Европарламентот, Иво Вајгл.
Ново на Сител
-
Измамена скопјанка - И кажале дека нејзината ќерка прегазила дете и ако не сака таа да лежи во затвор треба да плати 3.200 евра
-
Четири малолетнички нападнале своја врсничка, која ја познавале, а настанот го снимиле со телефон и го споделиле на социјални мрежи
-
61-годишен прилепчанец измамен за 175.000 денари, го убедиле дека инвестира во криптовалути
-
Продолжен притворот за 10 осомничени за падот на настрешница на Железничката станица во Нови Сад
-
Силувано 12 годишно девојче во валандовско
-
Украл пари и други производи од продажен објект - гостиварчанец приведен за тешка кражба
-
Герасимовски: Центар ги исчисти улиците во Маџир маало каде надлежност има градот Скопје
-
Три лека од оние што недостасуваат се очекуваат денеска и утре на УКРО