Груевски испрати телеграма со сочувство за настраданите во Истанбул
Телеграма со сочувство денеска испрати Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ до Амбасадорот на Република Турција Шпреса Јусуфи, по повод терористичките напади во Истанбул.
- Со длабока тага, шок и огорченост ја примив информацијата за терористичките напади во Истанбул. Дозволете ми да го искажам моето најдлабоко сочувство до Вас, семејствата на настаданите и до граѓаните на Турција за претрпените загуби, стои во телеграмата од Груевски.
Лидерот на ВМРО - ДПМНЕ во телеграмата изразува уверување дека македонските граѓани имаат посебна симпатија кон пријателскиот турски народ и, како што стои, се потресени и вознемирени од овој злосторнички чин кој е напад врз човечките вредности.
- Човештвото е исправено пред сериозен тест. Но ниту Турција, ниту било која друга земја која се бори со тероризмот не може да се бори сама, туку заеднички со своите искрени пријатели да направи стратегија базирана врз мудри одлуки, да делува силно, истрајно и одлучно. Борбата против тероризмот никогаш нема да запре, но не смееме да се откажеме од неа, се подвлекува во телеграмата испратена од претседателот на ВМРО - ДПМНЕ Никола Груевски.
Ново на Сител
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението