Груби: Конечното решение за спорот со името да биде достоинствено и взаемно прифатливо
Пратеникот на ДУИ, Артан Груби и посредникот на Обединетите Нации за спорот со името Метјуц Нимиц на работен ручек во Њујрок разговарале општо за спорот и посредништвото на медијаторот и споделиле размислувања за актуелните случување, соопшти собраниската Комисија за европски прашања, чиј претседател е Груби.
Груби му ги пренел на Нимиц впечатоците од средбите во Вашингтон, вклучувајќи ги и видувањата и од другите соговорници во периодот помеѓу двете меѓусебни средби.
- Ставовите на двајцата премиери вродуваат оптимизам дека решението е поблиску од кога било. Според Груби и ДУИ, конечното решение кое што ќе се постигне мора да биде достоинствено и взаемно прифатливо. Компромисот мора да овозможи неодложна и итна интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ што ќе резултира со оддржлив мир и стабилноство нашата земја и регионот, но заедно со системските реформи представува предуслов за економски развој и општествена благосостојба, се вели во соопштението.
ДУИ, се додава, целосно ги поддржува напорите на Нимиц и на преговарачите во спорот.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста