-->
-->
Грција: Уапсен криумчар со 90 мигранти во камион
-->
Грчката полиција уапси грчки државјанин, во близина на Солун, кој шверцувал 90 мигранти во камион. Во петокот утрото, полицијата го уапси 55-годишен возач на камион.
Меѓу мигрантите има 21 малолетник, соопшти полицијата. Над 60 од нив се од Ирак, додека останатите се од Еритреја, Етиопија, Конго и Иран.
Мигрантите пристигнале од Турција, а секој од нив платил 1.800 евра за да биде префрлен во Атина, соопшти полицијата.
Во друг случај, грчката полиција во близина на границата со Турција уапси 39-годишен Сириец, кој превезувал 10 мигранти - девет Сиријци и еден Ирачанец.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почна конститутивната седница на Собранието
-
Кучињата скитници „рак рана“ за штипјани
-
Викендов ќе се одржи адреналинскиот фестивал „SAMOKOV XTREME“ за промоција на убавините на Поречието
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Бендевска, потпретседателка на ЗНАМ
-
Гаши поднесе оставка во Алтернатива, утре ќе биде избран за собраниски спикер
-
Заседава раководството на СДСМ - Ковачевски нема да се кандидира, неколкумина подготвени да влезат во трка
-
ДИК го отфрли приговорот на ДУИ