Грчките политичари го осудија нападот во Барселона
Грчките политичари го осудија вчерашниот терристички напад во Барселона во кој загинаа 13, а беа повредени 100 лица.
Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос му изрази сочувство на шпанскиот крал Фелипе Шести и истакна дека е згрозен од „варварскиот терористички напад“.
Премиеро Алексис Ципрас во порака на Твитер изрази „солидарност со шпанскиот народ и сочувство до семејствата на жртвите“.
Лидерот на опозициската Нова демократија Кирјакос Мицотакис, истакна дека „смртоносното дивеење е уште еден напад врз нашата слобода и вредности“.
- Нашата одлучност и инисистирање на овие вредности го сочинуваат нашето оружје, изјави лидерот на Нова демократија, изразувајќи ја својата поддршка за семејствата на жртвите.
- Европа треба да најде нова рамнотежа меѓу слободата и безбедноста без да ги поткопа демократските вредности или либералниот животен стил, изјави Фофи Генимата, претседателката на ПАСОК, изразувајќи жалење за жртвите на терористичкиот напад.
Ставрос Теодоракис, лидерот на центристичката партија Потами, ја повика Европската унија да преземе итни и координирани акции против тероризмот.
- Нашите мисли се со сите во Барселона. Тие сеат омраза, но нема да жнеат страв, изјави тој за напаѓачите.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар