Македонија
12. November 2016 - 12:35

Граѓаните на Крива Паланка ќе го креираат буџетот за 2017

Локалната самоуправа на општина Крива Паланка трета година по ред активно ќе ги вклучи граѓаните во керирањето на буџетот за следната година преку буџетски форум.

- Првата сесија  од  буџетски форум со цел креирање на буџетот на општината за 2017 година е закажана за вторник, 15 ноември. Сите заинтересирани граѓани можат активно да се вклучат и да учествуваат во креирањето на буџетот за наредната година. Во периодот на месец ноември и месец декември, како и изминатите  години,  на неколку форумски сесии ќе ги консултираме граѓаните за нивните барања, предлози, идеи и проекти неопходни да бидта реализирани во општината и истите ќе бидат разгледани од страна на стручен тим, по што дел до нив ќе се инкорпорираат во буџетото и рпограмата за наредната година, информираат од локалната самоуправа на општината.
 
Истакнаа дека и досега голем број проекти кои биле рализирани, биле произлезени токму од буџетските форуми, со што овој начин се покажал како функционален.
 
- Кривопаланчани активно ќе се вклучат во процесот  на подготовка  на буџетот за 2017 година, кој ќе биде креиран по мерка на граѓаните, согласно нивните потреби и приоритети, велат од локалната самоуправа на општина Крива Паланка.
 
Првата форумска сесија ќе се одржи во „Облаче“ во вторник, 15 ноември, со почеток во 12 часот, а организиран е бесплатен превоз за сите кои сакаат да присуствуваат и да учествуваат.