Град Скопје: Обвинувањата од Жерновски се неосновани и паушални
Обвинувања на градоначалникот Андреј Жерновски се неосновани и паушални, се вели во реакцијата на Град Скопје на дел од ставовите и наведувањата на градоначалникот на Општина Центар, во врска со изградбата на објектот на плоштадот ВМРО, поточно на настрешницата на овој објект.
Од Град Скопје истакнуваат дека по барање на ДГ Бетон АД Скопје за издавање на решение за изградба на настрешница во функција на објект со група на класа на намени Б-Комерцијални и деловни намени, со основна класа на намени Б4-Деловни дејности и Б5-Хотелски комплекси, издавале решение за одобрување на барањето.
Градските власти, тврдат дека целокупната постапка е во согласност со закон и во целосна надлежност на Град Скопје.
Посочуваат дека согласно законите не постои можност за заеднички увид на терен, и го повикуваат градоначалникот на општина Центар да изврши увид во целата документација, а општинските инспектори да постапат согласно законот.
Ново на Сител
-
Палевски преноќи во Шутка
-
Прегласување: Течат роковите за тужби до Управен
-
Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите за соработка
-
Џафери на регионален самит во Котор
-
Маричиќ ги презентираше приоритетите од планот за раст
-
Младите против врсничко насилство
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија