Град Скопје формираше Совет за поддршка на женското претприемништво
Во рамки на Град Скопје, денеска се формираше Совет за поддршка на женско претприемништво. Советот има за цел да креира политики за полесен пристап на жените во општественото дејствување. Од Град Скопје информираат дека ќе дејствува во насока на подобрување на родовите улоги и елиминирање на ограничувањата, а ќе креира и можности за економско зајакнување на жените.
– На денешната прва седница беше разгледан програмскиот акт на Советот со цел посветување на поголема поддршка на жените претприемачи, креирање политики за родово буџетирање, унапредување на родовата рамноправност и програми за финансиска поддршка за жените кои ја почнуваат својата претприемачка приказна, велат од Град Скопје.
Во соопштението се наведува дека во своите конкретни цели Советот го вклучува унапредувањето на родовата перспектива во градот Скопје, како и вклучувањето на неколку принципи на родовите аспекти во креирање на главните политики на Градот, собирање анализа на податоци специфични за родот, еднаков пристап и користење на услугите, еднаква вклученост во одлучувањето, еднаков третман во процесите на управување.
Од Град Скопје велат дека Советот за поддршка на женско претприемништво ќе работи на натамошно развивање и вмрежување со преостанати организации, со цел подигнување на нивото на жени претприемачи во општеството.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава
-
Мајката на починатата студентка од Кавадарци во Штип лани измасакрирала и запалила човек
-
Судир на два автомобили и камион со приколка на автопатот „Пријателство“, тешко повредено едно лице