-->
-->
Голем пожар во Глазгов, огнот проголта една од најценетите уметнички академии во светот
-->
Голем пожар, кој изби во Уметничкото училиште во склоп на Универзитетскиот комплекс во Глазгов, проголта една зграда изградена 1909 година, а се прошири на уште две.
Пожарот изби доцна синоќа, а го гасеа над 120 пожарникари. Засега нема извештаи дали во пожарот некој е повреден.
Изгоре зданието Мекинтош, кое требаше да биде отворено идната година по реставрацијата од пожарот во 2014 година.
Во прашање е инаку една од најценетите уметнички академии во светот.
-->
-->
-->