Главната расправа за „Титаник“ одложена за 24 август, утре завршни зборови за „Тендери“
Главната расправа за случајот „Титаник“ која беше закажана за утре се одлага за 24 август, а утре ќе се одржи расправа со завршни зборои за предметот „Тендери“, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.
– Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот ја информираме јавноста дека главната расправа за предметот со КОК бр. 7/18 од обвинителството означен како „Титаник“, насрочена за 13.07.2021 година, се одлага со оглед да истовремено е насрочена и расправа по предметот со КОК бр. 64/17 од обвинителството означен како „Тендeри“ по кој постапува истиот судечки совет и за која расправа е предвидено да се започне со давање на завршните зборови.
Следната расправа за предметот „Титаник“ е насрочена за 24.08.2021 година во 10:00 часот за што веќе се известени странките во постапката, стои во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.
Ново на Сител
-

Притвор за 65-годишен раководител на образовен центар во Штип, допирал по телото малолетни ученички
-

Савевски: Предметот за мазутот не е рефиниран
-

Путин најави распоредување на „најмоќната ракета во светот“ до крајот на годината
-

Неизвесно е дали хантавирусот на крузерот мутирал
-

Силно невреме го зафати регионот: Град во Србија, хаос во Загреб и прекин на сообраќајот во БиХ
-

Стефан Мелник освои сребрен медал на Светското првенство за слабовиди и слепи шахисти
-

ОЈО ГОКК ја затвори истрагата за снабдувањето со мазут за ТЕЦ Неготино, нема основано сомнение за кривични дела во предметот
-

Почнува јубилејниот 70. Евросонг
