Ѓорѓиевски: На 15 декември заедно да го осветлиме Скопје

Град Скопје најави настан за осветлување на градот на 15 декември во 18 часот на плоштад „Македонија“, за почеток на новогодишните и божиќните празнувања.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ги повикува скопјани на 15 декември во 18 часот на плоштад Македонија „заедно да го осветлат градот и да споделат празнична магија“.
- Почитувани скопјани, драги родители, најдраги дечиња. Нашиот град е најубав тогаш кога свети од радост, насмевки и празнична магија.А сите ние - и младите, и возрасните ја заслужуваме таа топлина што ја носат Новогодишните и Божиќните празници. Затоа, со огромна радост ве поканувам заедно да го означиме почетокот на едно ново празнично поглавје исполнето со забава, музика, многу подароци и вашите омилени херои кои ќе ги израдуваат најмалите. На 15 декември, во 18 часот, на плоштадот „Македонија“, заедно со вас ќе го осветлиме градот и после неколку години ќе ја почувствуваме првата искра на празничниот дух, вели Ѓорѓиевски, во пишана изјава.
Најавува дека веќе од наредниот ден, па сѐ до Нова година, ќе следуваат секојдневни настани и забави за сите генерации. - А дочекот, ви ветуваме, ќе биде спектакуларен и незаборавен!, истакнува скопскиот градоначалник
МИА
Ново на Сител
-

Конференција на Советот на министри за култура од ЈИЕ, најавена декларација за одржливи културни модели
-

Мицкоски на поставување камен-темелник на училишна спортска сала во Ново Село
-

Силен земјотрес го погоди североисточниот дел на Јапонија, издадено предупредување за цунами
-

На скопскиот аеродром ќе биде испратен три милионитиот патник годинава
-

Ѓорѓиевски: На 15 декември заедно да го осветлиме Скопје
-

Путин објави заземање на украинскиот град Северск
-

Трамп: САД ќе присуствуваат на состанокот за Украина ако има шанси за напредок
-

Сончево време со мала до умерена облачност
