Тенис
22. March 2017 - 16:51

Ѓорческа поразена по три часа игра

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја мине првата пречка на фјучрсот во Италија што се игра за награден фонд од 25.000 долари. Таа денеска е поразена од Катарина Завацка од Украина (17.години, 533 место на ВТА) со 2-1 во сетови по три часа игра. Ова беше прв меч за нашата тенисерка по пауза од околу два месеца поради повреда.
Првиот сет и припадна на Завацка со 6:3 во гемови, а следниот го доби Ѓорческа со 6:4. Во решавачкиот сет беше 7:6 во гемови и 7:3 на поени за противинчката. Во тај брекот Ѓорческа поведе со 3:1, но Завацка освои шест поени во серија и го доби мечот.
Нашата тенисерка ќе игра во четвртфиналето во конкуренција на двојки. Таа и Камила Росатело (Италија) без борба го добија мечот од првата рунда откако противничките Јасмина Паолини и Џесика Пиери го предадоа мечот.