-->
-->
Ѓоковиќ по 9-ти пат победи во Мелбурн
-->
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја продолжува доминацијата во Мелбурн и по деветти пат го крена трофејот Норман Брукс од Австралискиот опен, откако во еднострано финале доминираше над рускиот предизвикувач Данил Медведев стигнувајќи до 7:5/6:2/6:2 победа.
Ова е 18-та гренд слем титула во фантастичната кариера на српскиот тенисер, и неверојатна 21 победа едноподруго на омилените терени во Мелбурн, каде што беше шампион и во 2019 и 2020. Со 18 големи трофеи тој се доближи на само два гренд слем трофеи од големите ривали Рафаел Надал и Роџер Федерер.
Со победата исто така се става крај на најнеобичниот гренд слем турнир во блиската историја, откако тенисерите пристигнаа во Австралија и веднаш беа поставени во карантин поради тоа што во нивните летови имаше позитивни на корона вирус. По ова, Ѓоковиќ беше на удар на австралиската јавност за писмото кое го прати со „барања“ за тенисерите да се преселат во домови кои имаат тениски терени наместо да бидат „затворени“ во хотели, нешто што беше одбиено од властите.
Потоа за Новак следуваше повредата на стомачните мускули, по која изјави дека нема да игра, обвинувањата дека намерно дава вакви изјави за да се игра ментално со противникот, невообичаената нервоза покажана на теренот… Но, сепак, на крајот тој покажа дека е подготвен да оди на новите тениски рекорди и да покаже дека е најдобриот на сите времиња.
За Медведев, пак, кој имаше 20 победи во низа од минатиот ноември, ова е втор пораз во гренд слем финалиња, откако во 2019 на САД опен загуби во пет сета од Рафаел Надал. Русинот, сепак, е еден од таа нова генерација која долго се чека на тениските терени, која треба да ги замени Ѓоковиќ-Надал-Федерер. Но, се уште не е време за тоа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот