Гилберт: Идните пандемии би можеле да бидат посмртоносни
Идните пандемии би можеле да бидат посмртоносни од сегашната криза со Ковид-19, предупреди Сара Гилберт, професорка на Универзитетот Оксфорд, една од креаторите на вакцината АстраЗенека.
Гилберт предупредува и дека вакцините би можеле да бидат помалку ефикасни против омикрон сојот и дека луѓето треба да бидат повнимателни додека не се добијат дополнителни информации за оваа варијанта, пренесува Би-Би-Си.
-Ова нема да биде последен пат вирусот да ни се заканува по нашите животи. Вистината е дека следниот може да биде и полош. Може да биде позаразен, посмртоносен или и двете, рече Гилберт.
Таа наведува и дека се потребни повеќе средства за да се зголеми подготвеноста за пандемијата, а за да не се изгубат досега постигнатите резултати.
-Напредокот што го постигнавме и знаењето што го стекнавме не смее да се изгубат, додаде Гилберт.
Зборувајќи за омикрон сојот таа истакна дека неговиот шилест протеин содржи мутации за кои е познато дека го зголемуваат преносот на вирусот.
-Но, има и дополнителни промени што би можеле да значат дека антителата создадени од вакцините или инфекцијата со други варијанти може да бидат помалку ефикасни во спречувањето на инфекцијата со омикрон, рече Гилберт.
Британската Влада во саботата соопшти дека патниците кои патуваат во Обединетото кралство сега ќе мора да бидат тестирани за Ковид-19 пред да заминат, во обид да се ограничи ширењето на сојот омикрон.
Во Обединетото кралство вчера беа регистрирани 86 нови случаи на сојот омикрон, со што вкупниот број на заразени со новиот сој досега се зголеми на 246.
Ново на Сител
-
Невреме со силен ветар, дожд и град попладнево го зафати кумановскиот регион
-
Врховниот судија Георгиев и членот на совет на обвинители Мемети осомничени за поткуп - Георгиев фатен на дело
-
Љупчо Палевски Палчо пред судија на претходна постапка за мерката притвор
-
Тема на денот со Миле Маркоски декан на ФЗНХ
-
Приватните специјализанти уште еднаш потсетија за нивните барања за поголеми плати и осигурување
-
Врховниот судија Георгиев и членот на совет на обвинители Мемети осомничени за поткуп - Георгиев фатен на дело
-
Љупчо Палевски Палчо пред судија на претходна постапка за мерката притвор
-
Изборен молк - Утре ќе се прегласува во 5 и 6 ИЕ за два пратеника