-->
-->
Германија полесно ќе ги депортира одбиените баратели на азил
-->
Германската влада подготува закон со кој во иднина многу полесно ќе бидат депортирани лицата чии што барања за азил биле одбиени од институциите.
Законот почнал да се подготвува откако министерството за внатреши работи утврдило дека од вкупниот број на одбиени баратели на азил над три четвртини успеале да останат во земјата.
Според весникот „Ди Велт“ од 210 илјади налози за депортација дури 150 илјади биле спроведени односно одбиените азиланти успеале да пронајдат правни можности за да останат во земјата.
Дел од одбиените продолжиле илегално да живеат во Германија или друга членка на ЕУ.
Според предлог законот до кој дојдоа германските медиуми „Доколку депортацијата не е можна затоа што странецот ги довел во заблуда германските власти за својот идентитет или државјанство, или пак не соработува со цел да добие нова патна исправа тогаш тој нема да добие престој во земјата“. пренесува дописникто на МИА од Берлин
Според законот властите ќе добијат можност да ги информираат одбиените баратели на азил 30 дена пред депортацијата со цел д аим дадат помала шанса да се преселат или да најдат друга можност да останат во земјата.
Новиот закон со кој се регулира депортацијата најмногу ќе ги погоди луѓето што во Германија пристигнале со лажни патни исправи но и луѓето од Северна Африка и Балканот (Албанија, Косово, Србија, Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина) кои што немаат правна основа да бараат азил врз основа на безбедносни причини затоа што тие се сметаат за „сигурни земји за живеење“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова: Добивањето на уверението од ДИК и прогласувањето во Собранието се формално финале на изборите
-
Приведени двајца кумановци за поседување дрога
-
Променливо време со повремен дожд и во наредните денови
-
Априлската инфлација во Албанија 2,1 отсто и понатаму најниска во регионот
-
Српско МВР: Се утврдуваат фактите и околностите под кои во полицијата починал Д.Д. осомничен за случајот со Данка И.
-
Гордана Сиљановска Давкова го доби Уверението од ДИК за претседател на државата
-
ЦУК: На 112 изминатото деноноќие 1951 повик, меѓу кои и за спасување жена падната покрај пат
-
САД испраќаат нов пакет воена помош за Украина вреден 400 милиони долари