Германија најавува ограничувања за невакцинираните
Висок службеник на германската Влада денеска најави дека поради зголемувањето на бројот на новозаразени со коронавирус на есен може да се воведат нови ограничувања за луѓето кои не се вакцинирани против Ковид-19.
– Вакцинираните луѓе дефинитивно ќе уживаат повеќе слободи од оние кои не се вакцинирани, изјави денеска шефот на кабинетот на канцеларката, Хелге Браун за Билд.
Според него, ако бројот на инфекции продолжи да расте, невакцинираните лица ќе мора да го ограничат контактот.
– Ова значи дека посетите на киносали, ресторани или стадиони нема да бидат можни дури и за невакцинирани лица кои имаат негативен тест, затоа што и оние кои биле тестирани негативни имаат голем ризик од пренесување инфекцијата, рече Браун.
Претходно, министерот за здравство Јенс Шпан исто така изрази загриженост дека инциденцата, ако ништо не се смени, на есен може да ја надмине границата од 800.
Ново на Сител
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети
-
СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање
-
Четириесет и четири години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд