Германија е земја со најдобар квалитет на живеење
Германија е најдобрата земја на светот ако се мерат квалитетот на живеење, претприемаштвото и културните влијанија.
Според истражувањето на Универзитетот Пенсилванија и консултатнскта фирма БАВ спроведено на 16 илјади луѓе од целиот свет Германија е најдобра земја за живеење врзо основа на нивните впечатоци за земјата во која што живеат, пренесува дописникот на МИА од Берлин.
Главните критериуми во истражувањето се нивото на културно влијание, претприемаштвото, културно наследство, бизнис, граѓанство, авантура, моќ, можности за миграција, енергија и квалитетот на животот. На листата зад Германија се Канада, САД и Шведска кои ги заземаат првите 5 позиции а зад нив се Австралија, Јапонија, франција, Холандија и Данска.
На последните 5 места на листата на која се опфатени 60 држави меѓу кои не е Македонија, се Пакистан, Нигерија, Иран , Украина и последна земја е Алжир. Покрај Грција која што е на 26 место, на листата е присутна и Бугарија којашто според нејзините граѓани е 48 најдобра земја за живеење.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст