Герасимовски – Силвестри: Италијанскиот да се изучува во училиштата во Центар
Градоначалникот на Центар Горан Герасимовски денеска на средба со амбасадорот на Италија, Андреа Силвестри, му ги претстави неговите три програмски определби за подобрување на животот во општината – јавната хигиена, паркинзите и урбанистичкото планирање, а се разговораше и за можноста за изучување на италијанскиот јазик во основните училишта во Општина Центар.
По средбата со Силвестри, како што информира Општина Центар, Герасимовски изјави дека согласно Законот за основно образование, постои можност за воведување на италијанскиот јазик како втор странски јазик за изучување во основните училишта во општината.
-Со амбасадорот Силвестри дискутиравме за можноста Италијанската амбасада во Скопје да обезбеди професори и материјали за запознавање на учениците во петто одделение, за веќе во шесто одделение тие да можат да изберат да го изучуваат италијанскиот јазик како втор јазик. Во оваа насока, на мое големо задоволство, се договоривме во иднина да имаме уште неколку средби и да ја интензивираме традиционално добрата соработка помеѓу Амбасадата и Општина Центар, изјави Герасимовски.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите
-
За прв пат формирано национално студентско тело: Што во пракса ќе им овозможи на македонските студенти?
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест