Габриел: Членките на НАТО немаат обврска да издвојуваат два отсто од својот БДП
Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел денеска во Естонија изјави дека во НАТО не постои согласност за обврската секоја држава членка за одбраната да издвојува два отсто од бруто домашниот производ.
Габриел тврди дека членките на Алијансата само се договориле дека треба да вложат напори за исполнување на оваа цел, пренесоа британските медиуми.
Тој, истовремено, изрази загриженост дека политичарите даваат ветувања кои подоцна не можат да ги исполнат.
-Нема неспорна цел од два отсто, но треба да се движиме во тој правец, порача Габриел на почетокот од својата посета на Балтичките земји.
Германија во моментов за одбрана издвојува 1,2 отсто од БДП.
На самитот на НАТО во Велс, во 2014 година, членките се договорија да го прекинат повеќегодишното намалување на буџетот за одбрана, што Европјаните ги остави без „витални можности“.
Тие се согласија дека сите сојузници треба да ја исполнат целта која подразбира вложување за одбраната по два отсто од својот БДП секоја година се до 2024 година, иако оваа цел не е правно обврзувачка.
Ново на Сител
-
Претседателот на Управен демантира дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт
-
Израел ги негира обвинувањата за геноцид во Газа и вели дека прави се што може за да ги заштити цивилите
-
Одбиена тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1202 во Крушево, Управен треба да одлучи уште по 4 од 7 тужби
-
Управен суд ја одби тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1470 во Долнени
-
Европски фронт обвинува за јавен политички притисок врз Управниот суд
-
76-годишна прилепчанка измамена за 380.000 денари - ја убедиле дека внука ѝ ќе оди во затвор
-
Оштетен автомобилот на скопјанка по тепачка со жена на Бит Пазар
-
Скопјанец нападнат од својот малолетен внук