Француски тур-оператори во Охрид за воспоставување чартер летови
Француски тур-оператори, организирани од компанијата „ТАВ Македонија“, од викендов се во посета на Македонија, со цел да ја вклучат во нивните балкански тури, преку воспоставување редовни чартер-летови од охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“.
- Претставници на шест туристички друштва, меѓу кои се и TUI France и Mondial Tourisme, следниве денови ќе се запознаат со убавините на Охрид и со туристичките потенцијали на градот и неговата околина, соопшти денеска концесионерот на макеоднскиот аеродорми „ТАВ Македонија“.
Според маркетинг претставникот на „ТАВ аеродроми“, Серкан Карахатај, почнување нови чартер-летови од аеродромот „Св. Апостол Павле“ преку привлекување на француските тур-оператори, е во врвот на агендата на посетата.
- Очекуваме корисни средби и остварување на нашата цел: привлекување на овие туроператори да ја вклучат Македонија и Охрид во нивните туристички пакети во рамки на балканските земји. Како туристички друштва, сите тие имаат свои авиокомпании што можат да летаат до Охрид со организирани чартер-летови и на тој начин да носат француски и други европски туристи во Македонија, изјави Серкан Карахатај, маркетинг-претставник на „ТАВ аеродроми“.
Организирањето посета на најголемите француски туристички компании во Македонија, посочува Карахатај, е дел од постојаните активности што „ТАВ аеродроми“ ги спроведува со цел да привлече нови авиокомпании и тур-оператори на македонските авиопристаништа. Секако, тоа што ни ја олеснува задачата, кога е во прашање Охридскиот аеродром, е природната и недопрена убавина на Охридското Езеро. Пред сите странски туристички друштва и авиокомпании го претставуваме како уникатна локација, со силен потенцијал за бизнис, наведува Карахатај.
Покрај состаноците со „ТАВ аеродроми“, за француските тур-оператори ќе биде организирана средба и со Општина Охрид, а тие ќе имаат можност да ги видат и посетат најпознатите културно-историски локации во градот и неговата околина.
„ТАВ Македонија“, која што е дел од холдингот „ТАВ аеродроми“, ги заврши првите осум месеци од годинава со 19 отсто пораст на бројот на патници на аеродормите „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид, достигнувајќи бројка од 1.211.588 патници. Во исто време, бројот на летови се зголемил за 12 проценти, односно се искачи на вкупно 11.459 авионски операции.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево