Француски производител на вакцини ги прекина преговорите со ЕК
Францускиот производител на вакцини Валнева (Valneva) соопшти дека се повлекува од преговорите со Европската комисија, по повеќе од шест месеци разговори од коие нема резултати, објави „Политико“.
Компанијата објави дека вложила значителни напори и време да ги исполни потребите во процесот за Европската комисија.
„И покрај нашите најнови клинички податоци, ние не постигнавме никаков напредок и не обезбедивме договор за испорака“, наведуваат од „Валнева“.
Компанијата има намера да се фокусира на преговори со одделни земји-членки или заинтересирани земји кои не се членки на ЕУ.
Валнева и ЕК почнаа преговори во третиот квартал на 2020 година и објавија дека ги завршиле „разговорите“ за да обезбедат 60 милиони дози.
Производителот потпиша договор со британската Влада минатото лето и потоа го прошири на 190 милиони дози до 2025 година.
Ново на Сител
-
Палевски преноќи во Шутка
-
Прегласување: Течат роковите за тужби до Управен
-
Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите за соработка
-
Џафери на регионален самит во Котор
-
Маричиќ ги презентираше приоритетите од планот за раст
-
Младите против врсничко насилство
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија