Франција/Ковид-19: За 24 часа 449 смртни случаи
Во Франција во изминатите 24 часа се регистрирани нови 449 смртни случаи од Ковид-19 што е најголем број досега во еден ден. Од почетокот на пандемијата на 1 март, регистрирани се вкупно 3.523 смртни случаи,и 52.128 заразени.
Вкупно 5.565 лица се наоѓаат во тешка состојба и нив им е потребна интензивна нега. Таа цифра е зголемена за 458 случаи.
Вкупно на болничко лекување се наоѓаат 22.757 лица. Триесет и четири отсто од заболените се помлади од 60 години.
Според властите, 9.944 лица се сметаат за излекувани.
Само вчера во ургентните служби на болниците биле примени 4.390 лица со симптоми на Ковид-19. Притоа 38 отсто од нив биле хоспитализирани, а пет отсто директно примени на интензивна нега.
СОС Лекари од своја страна имале 1.718 интервенции поради Ковид-19.
Ново на Сител
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога