Франција наскоро целосно ќе излезе од мерките на изолација
Франција од 2 јуни ќе излезе од строгата изолација, која започна на 17 март, јави дописникот на МИА.
Сите училишта и гимназии во зелените зони ќе бидат отворени за учениците, но полагањето на матурата по француски јазик е откажана, како и усниот испит, таа ќе биде валидирана преку постојаната контрола во текот на минатата школската година.
-Во зелените зони, салите за спектакли и театрите ќе можат повторно да се отворат од 2 јуни. Но носењето маска ќе биде задолжително.
Физичките активности ќе можат да продолжат со повторното отворање на спортските сали и базените. Забавните паркови ќе бидат отворени за активности што овозможуваат физичко растојание и максимална површина за 5.000 лица , објасни францускиот премиер.
Јавните паркови и градини исто така ќе бидат отворени, колективните спортови ќе бидат исто така одобрени со максимално учество на 10 лица. Плажите, езерата, исто така, ќе може да отворат од 2 јуни.
-Нашиот социјален, културен и спортски живот ќе може да продолжи пошироко, нагласи Едуар Филип, според кој мерките на изолација вродија резултат.
Аеродормот Орли ќе биде повторно отворен за сообраќај на 26 јуни.
Запрашан од новинар за можноста владата да ги врати мерките на изолација ако заразата повторно започне да расте во Франција, премиерот остави простор за ваква хипотеза.
-Ако се преминат праговите за предупредување, префектурите и здравствените власти ќе треба да преземат мерки за заштита на најранливите и, кога е потребно, да постават ограничувања за патувања“, рече тој.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација