Loading Video...
Ракомет
7. July 2021 - 19:50

Формиран нов клуб РК Алкалоид

Конкуренцијата во македонскиот ракомет се зголемува откако денеска е претставен новиот клуб РК Алкалоид зад чие формирање стојат компанијата Алкалоид со директорот Живко Мукаетов и селекторот Кире Лазаров. 

- „Клубот е основан со управна одлука на компанијата, тој ќе настапува во Првата машка лига. На ваков чекор се одлучивме бидејќи ќе биде место каде што младите таленти правилно ќе ги насочиме според вистински вредности. Регрутирање, градење и насочување на млади македонски таленти е она за што ќе се залагаме, она за што се залага и компанијата ‘Алкалоид’. Цврсто ќе настојуваме да се почитуваат вистинските вредности“, изјави првиот човек на ‘Алкалоид’, Живко Мукаетов.
И селекторот Лазаров многу очекува од овој клуб како расадник на таленти: -„Чест и задоволство ми е да бидам дел од овој проект, каде што главната улога ќе ја носи една реномирана компанија која е светски призната, ‘Алкалоид’. Ќе работиме заедно, ќе работиме заедно за доброто на македонскиот ракомет, за доброто на македонскиот спорт. Целта е да формираме добра база со квалитетни млади ракометари, кои во иднина заслужено ќе го носат македонскиот национален дрес“, рече Лазаров.