-->
-->
Фон дер Лајен: ЕУ го подготвува деветтиот пакет санкции против Русија
-->
Европската унија го подготвува деветтиот пакет санкции против Русија, како одговор на нападот на Москва врз Украина, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
„Работиме напорно на тоа да ја удриме Русија онаму кадЛајене што боли, за дополнително да ја намалиме нејзината способност да води војна против Украина и денес можам да објавам дека работиме со полна пареа на деветтиот пакет санкции“, рече Фон дер Лајен за време на посетата на Финска.
Таа изрази уверување дека многу брзо ќе биде одобрено глобалното ограничување на цената на руската нафта со Г7 и другите големи партнери.
„Нема да се смириме додека Украина не ја однесе победата над Путин во неговата варварска војна“, рече претседателката на ЕК.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Одбележување на Меѓународниот ден на демократијата
-
Осумнаесет кандидати пријавени за изборната трка за градоначалник на Скопје
-
Русија го тестира Западот, притисокот мора да се зголеми, вели германскиот министер за надворешни работи
-
Протест на „Стоп за Вардариште“ со блокада на мостот „Близнаци“ во Скопје
-
Тошковски ќе присуствува на јавно уништување на запленети наркотични дроги и оружје
-
Истражна постапка против две лица осомничени за тепачка со смртни последици
-
Вучиќ пристигна во Осака на неколкудневна посета на Јапонија
-
Трамп го предупреди Израел да биде внимателен по нападот во Катар