ФИТР: Во претселекција 455 домашни компании од повикот за комерцијализација на иновации
Четиристотини педесет и пет домашни компании од јавниот повик за комерцијализација на иновации влегуваат во фазата на прво оценување. Од тие компании, 207 се микро, 221 мали, а 27 средни. Педесет и шест проценти од компаниите се регистрирани во главниот град, додека останатите се распоредени низ 30 општини од целата земја, информира денеска Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).
Вкупниот обем на планирани инвестиции кај овие компании е над 102 милиони евра, од што 67 проценти се побарано учество на Фондот, додека 33 проценти или над 33 милиони евра се сопствени средства на апликантите. Иницијално предвидениот буџет за јавниот повик е пет милиони евра, со што аплицираниот износ го надминува над 13,5 пати.
При презентацијата на првичните резултати по затворањето на јавниот повик на крајот на мај, директорот на ФИТР, Јован Деспотовски нагласи дека овие рекордни бројки, од интересот на компаниите на јавниот повик, се знак на доверба во процедурите и инструментите на ФИТР, како и показател дека домашните компании имаат потреба од финансиска поддршка и се подготвени да инвестираат и сопствени средства во развој и иновации.
За фазата на прво оценување (претселекција) што е веќе започната се ангажирани 95 надворешни стручни лица во 22 економски дејности. Стручните лица се ангажирани на јавен оглас реализиран од страна на ФИТР во 2018 година. Нивна задача е да ги разгледаат и оценат проектите согласно дефинираните критериуми: степен на иновативност, квалитет на подготвен проект, потенцијал на пазарот, капацитет на апликант и влијание на проектот.
Секоја апликација се разгледува од три стручни лица одделно. Проектите кои ќе добијат минимум 51 поен во просек, преминуваат во финална фаза, во која Комитетот за одобрување на инвестиции-независно тело составено од тим од пет странски експерти ќе ја донесе конечната одлука за финансирање на предлог-проектите.
Јавниот повик се реализира во рамки на Планот за економски раст на Владата, во чие финансирање од оваа година се вклучи и Светска банка како финансиски партнер.
Ново на Сител
-
Германските имиграциски власти предупредувале за осомничениот од Магдебург
-
По 24 пат накитена новогодишната елка во водите на Охридското Езеро
-
Кражба во црква во Штип
-
Во Гевгелија започна изградбата на Трговски центар, инвестиција вредна околу 20 милиони евра и отворање на 350 нови вработувања
-
Процесот е во финална фаза, очекувам во јануари банките да почнат активно да пренесуваат дел од средствата од унгарскиот заем до компаниите, вели Мицкоски
-
Мицкоски: Не би шпекулирал дали Груби е во Албанија или во Косово, факт е дека не бил чист како солза
-
Возач бегајќи од полицијата се забил во продавница во трговски центар во Тексас, ранил петмина и бил застрелан
-
ФФМ избра нов претседател