ФИТР и МБА со иницијатива за дополнителна финансиска поддршка на домашните компании
Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) ги презентираше инструментите за финансиска поддршка на домашните компании пред членките на Македонската банкарска асоцијација во која членуват сите деловни банки и штедилници. Целта на ФИТР е поттикнување на банкарскиот сектор за поактивно вклучување во кофинансирање на програмите за иновации и технолошки развој.
Од ФИТР информираа дека пред директори и членови на управни одбори на сите банки во земјава се презентирани и резултатите од досегашното работење на Фондот преку анализа на спроведувањето на проектите и ефектите за домашната економија. Се дискутирало и за тоа како можностите за кредитирање од страна на банките да станат подостапни не само за корисниците на ФИТР, туку и за компаниите чии предлог проекти поради ограничените финансиски ресурси на Фондот не се одобрени за финансирање, а имаат потенцијал.
-Сакаме да ги видиме банките како наши партнери во поддршка на растот на македонската економија, изјавил директорот на ФИТР Јован Деспотовски.
Претставниците на банките позитивно ја оцениле работата на ФИТР и изразиле подготвеност дека ќе ги разгледаат сите можности за финансирање, како и да се воспостави пракса за размена на информации помеѓу ФИТР и МБА за успешна реализација на овие иницијативи.
Портфолиото на ФИТР во последниве две години бележи седумкратно зголемување во однос на бројот на корисници од периодот 2014 – 2017 и брои 250 микро, мали, средни и големи домашни компании. Тие компании реализираат инвестиции во износ од околу 40 милиони евра, од кои 23 милиони се обезбедени како кофинансирање од Владата и Светската банка.
Ново на Сител
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба
-
Во март пониски увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи
-
Камионџија од Украина пронајден починат на Табановце
-
Пленковиќ го доби мандатот за состав на нова влада на Хрватска
-
Продажните цени на производителите на индустриските производи во март пониски за 1,5 отсто на годишно ниво
-
Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје
-
Сообраќајка меѓу три возила во Скопје: Повредени четири лица
-
Град Скопје: Премиерот од Форино кога излегува од дома до Влада ги гаси попатно сите семафори