Финансиска поддршка за покриви, лифтови и фасади во општина Гази Баба
Општина Гази Баба отвори јавен повик за финансиска поддршка на покровни конструкции, лифтови и фасади на станбените згради на подрачјето на општината.
Како што информира општина Гази Баба, финансиските средства се обезбедени од Буџетот на општина Гази Баба во износ од 3.000.000 денари и ќе се користат за делумен надомест на средствата на заедниците на сопственици на посебни делови и управителите на станбените згради искористени за реконструкција на кровови, лифтови и фасади на станбените згради во износ од 30 проценти од вредноста на изведбата, но не повеќe од 300.000 денари.
Потребните документи и постапката за пријавување се јавно достапни на веб страницата на општина Гази Баба. Јавниот повик ќе трае до реализирање на средствата предвидени за оваа намена, а најдоцна до 30.09.2017 година.
Изборот, како што информираат од општина Гази Баба, ќе се врши согласно критeриум на прв дојден, прв услужен. За утврдување на исполнувањето на условите за доделување на финансиските средства формирана е Комисија, составена од претседател и 4 члена од редот на вработените во администрацијата на општината.
Ново на Сител
-
Германскиот канцелар го осудува „агресивното однесување“ на Русија во Полска
-
Русија ја обвини Полска за „ширење митови“ околу упадот на дронови
-
Трамп го коментира нарушувањето на полскиот воздушен простор
-
Европарламентот ги осуди „обидите на Русија за дестабилизација на Молдавија“
-
Пратеничките групи во ЕП со противречни оценки за обраќањето на Фон дер Лајен
-
Приведени две лица од струшко, при претрес во нивните домови пронајдена е дрога | ФОТО
-
Уапсени тројца дилери во Скопје, пронајдена марихуана
-
Руско Министерство за одбрана: Не планиравме да гаѓаме кон Полска, подготвени сме за разговор