Филипче: Зацртаното во голема мера е реализирано
Министерот за здравство Венко Филипче во видеообраќање по повод две години откако е на функцијата, соопшти дека она што било зацртано на почетокот на мандатот во голема мера е реализирано, а една од главните цели биле капиталните инвестиции и реконструкциите.
Наведува дека годинава целосно се реконструирани Одделението за интензивна нега на Клиниката за неврохирургија, Клиниката за хематологија, Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, Клиниката за дигестивна хирургија и Клиниката за гастроентерохепатологија.
Целосно се реновирани салите за операции на Клиниката за ортопедија каде, како што вели, се изведуваат најсофистицирани операции на локомоторниот систем. Целосно се реконстурирани и службите за Итната медицинска помош во здравствените домови во Велес и Битола.
-Го пуштивме во употреба новиот ургентен центар во Куманово и Кардиоваскуларниот центар во Градската општа болница „8 Септември”. Од темел го изградивме новото одделение во Психијатриската болница во Негорци и машкиот павилјон во Психијатриската болница во Демир Хисар. Во завршна фаза се два капитални проекта – Специјалната болница по хируршки болести „Св. Наум” во Скопје и Специјалната болница за ортопедија и траумотологија „Св. Еразмо” во Охрид“, истакнува министерот Филипче и додава дека од следната година ќе почне да работи и новата болница во Струмица.
Соопшти дека во наредниот периодот е планирано да почне реновирање на уште 34 јавни здравствени установи во државата, дека се набавени најсовремени медицински апарати за здравствените установи на територијата на целата земја, како предуслов за точна и прецизна дијагностика и понатамошен соодветен третман на пациентите.
Ново на Сител
-
Стартуваше Самитот Македонија 2025 - Како до побрз економски напредок на државата
-
Преглед на вестите од светот
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа