-->
-->
Ферај: За национално обединување нема потреба од договор со Албанија, косовските симболи ќе ги замениме со албанските
-->
Универзитетскиот професор и кандидат за пратеник од редовите на Движењето „Самоопределување“, Хусамедин Ферај изјави дека доколку народот во Албанија и во Косово сака национално обединување тоа ќе се случи.
Гостувајќи во вестите на тиранската телевизја „Ора њуз“, Ферај додаде дека за националното обединување нема потреба од договор со албанската Влада. Проблемот, рече тој, останува од правен аспект „неправедно ограничување на правото на Косово за обединување или одвојување со државите што ги сака“.
Нема сомнение дека Уставот треба да се измени. Договорот со Албанија е договор со народот во Албанија. Не е потребен договор со Владата на Албанија или со Парламентот на Албанија. Ако народот на Албанија овде и албанскиот народ на Косово сакаат обединување, нема зошто да се прашуваат владите. Но, владите ќе се запознаат со тоа што ја реализира волјата на албанскиот народ и албанската нација. Затоа, проблемот е од правен апсект,кој неправедно го ограничува правото на Косово да се обедини или да се раздвои со државите што ги сака, право кое и припаѓа на секоја држава. Ова е уставно манифестирање на ограничувањето на суверенитетот на Косово, изјави тој.
Додаде дека верува оти со Владата на „Самоопределување“ суверенитетот на Косово ќе биде целосен како оној на секоја друга држава. Во овој контекст, смета тој, треба да се отстрани членот што ја ограничува волјата и како држава и како нација кон обединување со Албанија.
Тој одговори на прашањето што ако меѓународните институции, ЕУ и странските мисии не ги поддржат во оваа иницијатива.
Нема ни една причина да се мисли дека светот донел некогаш некаква одлука за да биде антиалбанска без причина. Ова е аргумент што нема причина да се зема во предвид и е вон било каква разумна логика, рече Ферај.
Исто така најави дека ќе бидат сменети државните симболи и химната, со албанските.
Ќе одиме кон востановување на албанските симболи, затоа што Косово е држава за која се бореа Албанците, а не како што стои во преамбулата на косовскиот Устав дека за независноста се бореле Срби, Албанци, Роми и сл. Србите не се бореа за независност на Косово. Затоа на Албанците им припаѓа независноста и претставувањето со албанските симболи, смета Хусамедин Ферај унверзитетски професор и иден пратеник во косовскиот парламент од редовите на „Самоопределување“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња