-->
-->
Евростат: Грција одвојува најмногу време за јадење од европските земји
-->
Грција е европска земја која одвојува најмногу време во просек дневно за јадење, покажуваат податоците на Евростат.
Грците дневно во просек за храна посветуваат 2 часа и 13 минути. Потоа следат Французите, кои одвојуваат 2 часа и 12 минути и Шпанците со еден час и 59 минути. На четврто место се Турците кои дневно во јадење поминуваат еден час и 58 минути.
Петта е Италија, а шеста Холандија, каде што дневно се троши по еден час и 57 минути за конзумирање храна.
Во Луксембург и Србија јадењето одзема еден час и 54 минути дневно и според тоа се на седмо и осмо место. Во десетте земји влегуваат и Романија (еден час и 47 минути) и Белгија (еден час и 44 минути).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Средба на министерот Муцунски со комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос
-
Почина Инес, јагуарот од скопската ЗОО
-
247 санкционирани возачи денеска во Скопје, еден возач лишен од слобода за безобзирно возење
-
Тошковски: МВР ќе постапува против секој за кој постојат докази дека сторил кривично дело
-
Вучиќ верува дека следната недела ќе биде избрана новата влада во Србија
-
Папата Франциск неочекувано се појави на плоштадот Свети Петар и ги поздрави верниците на Цветници
-
Кривична за штипјанец, возел со 1.5 промили алкохол
-
Исчезнато 15-годишно девојче од скопско Кадино