ЕУ се заканува со процедура без преседан против Варшава
Европскиот комесар за дигитална економија и информатичко општество, Германецопт Гинтер Јотингер и се закани денеска на Варшава со покренување процедура без преседан за нарушување на основните вредности на Европската унија, откако полскиот Парламент усвои закон, со кој државните медиуми се ставаат под контрола на владејачката конзервативна партија.
- Има многу причина за активирањето на механизмот на правната држава и поставувањето на Варшава под набљудување, изјави Јотингер пред неделното издание на весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.
Во средата и четвртокот полските пратеници и сенатори го одобрија спорниот закон, согласно кон мандатите на сегашните членови на управните и надзорните совети на државните медиуми истекуваат итно.
Прашањето за назначување и разрешување на раководители на државните медиуми преминува во надлежностите на министерот за државниот буџет.
Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер го вклучи прашањето за Полска на дневен ред на следната седница на Европската комисија на 13 јануари.
Јункер планира да ја искористи процедурата, создадена во 2014 година, а која се однеусва на земјите во кои се забележани „системски ризици за правната држава“. Доколку одредена земја не реагира на предлозите за промени дадени од ЕК, може да почне процедура за нарушување на основните европски вредности.
Ова се уште не се случило во историјата на ЕУ, но санкциите против засегнатата земја може да вклучуваат дури и укинување на правото на глас во Европскиот совет.
Ново на Сител
-
Скопјанец испразнил туѓа сметка и земал речиси 700 илјади денари
-
Фрлена рачна бомба во двор во Прилеп, оштетени прозорци и два автомобили
-
Уапсен 41 годишен маж - Со воздушна пушка пукал кон куче
-
Измамен скопјанец за сума од над 18 илјади денари
-
Исчезна 13 годишно девојче од Куманово
-
Шекеринска одржа прием и им се заблагодари на сите чинители за поддршката
-
Украина објави дека руската ракета истрелана кон Дњепар развила брзина поголема од 3.773 метри во секунда
-
Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје