ЕУ постигна договор со кој се овозможува укинување на визите за Косово, Грузија и Украина
Советот на Европската унија и Европскиот парламент постигнаа согласност за механизмот, со кој би се овозможило суспендирање на безвизниот режим во случај на потреба, а што беше неопходно да се донесе, пред да се овозможи укинувањето на визите за Косово, Грузија и Украина, изјави анонимен претставник на Советот на ЕУ, јави ТАСС.
По преговорите, кои траеја цела ноќ изутрината беше постигната спогодба со која што се става крај на внатрешните спорови во ЕУ поради кои досега беше блокирано воведувањето безвизен режим за граѓаните на овие три земји.
- Одлуката сега треба да биде одобрена на седница на Европскиот парламент, додаде претставникот на Советот на ЕУ.
- Ова е урамнотежен договор исклучително важен за ефикасноста и веродостојноста на политиката за визна либерализација на ЕУ. Сегашнииот суспензивен механизам не е соодветен и сега ќе биде подобрен, изјави словачкиот министер за внатрешни работи Роберт Калинак.
Тој додаде дека договорот ги отвора вратите за натамошен напредок во однос на визната либерализација со земјите, кои ги исполниле потребните услови.
Се уште не е објавено кога точно ќе бидат укинати визите за Косово, Грузија и Украина.
Ново на Сител
-
Путин: Се обидуваат на Москва да ѝ нанесат стратешки пораз, но тоа е невозможно
-
Најмногу дожд во Пожаране и Ѓуриште, најстудено на Попова Шапка
-
Набавени 80 000 вакцини против сезонски грип, имунизацијата ќе почне во втората половина на октомври
-
Камион излетал од патот Деве Баир - Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот е во прекин
-
Мерц: Решени сме да ги користиме замрзнатите руски средства за да ѝ помогнеме на Украина
-
Приведен кумановец, подолго време следел и вознемирувал 28-годишна девојка
-
Муртезани: Кај премиерот и Владата постои сериозна одлучност за надминување на спорот со Софија по изборите
-
Ѓорѓиевски: Нашата единствена опција е да одиме напред кон поврзаност, иновации и знаење