ЕУ не ги поддржува санкциите на САД против Додик
Санкциите на САД против претседателот на Република Српска, Милорад Додик, не се поддржани од ниту една членка на Европската Унија, јави ТВ каналот „Ал Џезира".
Вчера се одржа нова средба на работната група на дипломати од ЕУ, каде се разговарало за санкциите кон Додик. И покрај едногласната одлука и заклучокот да не се следи политиката на САД, европските дипломати се согласиле дека е неопходно натамошно внимателно следење на состојбите во Република Српска.
Американското Министерство за финансии во вторникот објави дека воведува санкции против Додик засновано на указ што дозволува „да се воведуваат санкции против лица и организации што го поткопуваат или пак, можат да го загрозат Дејтонскиот договор од 1995 година".
Според официјален Вашингтон, Додик „активно го попречува" спроведувањето на документот.
- Милорад Додик претставува реална закана за суверенитетот и територијалната целовитост на Босна и Херцеговина. Со денешната одлука се потцртува ангажманот на САД кон запазување на Дејтонскиот договор и поддршката на меѓународните напори за европска интеграција на земјата, се вели во соопштението на американското Министерство за финансии.
Спроти 9 јануари, денот што босанските Срби го слават како Ден на Република Српска, Додик изјави дека Босна и Херцеговина како држава е осудена на пропаст и единствениот исход од таа ситуација е нејзин мирен распад на неколку одделни независни држави.
Ново на Сител
-
„Фаненшл тајмс“: Русија регрутира платеници од Јемен да се борат во Украина
-
Зеленски: Украина треба да ја зајакне противвоздушната одбрана за да ги заштити луѓето
-
Мицкоски: Со банките е договорена каматна стапка од 1,95 проценти за унгарскиот кредит за компаниите
-
Владата на Србија му го одзеде имунитетот на Горан Весиќ
-
Изборниот материјал во Албанија и на македонски јазик
-
Лишен од слобода крадец во тетовско
-
Во Неготинско физичка пресметка помеѓу татко и син
-
Песков: Указот на Путин за промена на нуклеарната доктрина може да се смета за сигнал до Западот, ништо не е случајно