ЕУ ќе избира меѓу пет можни насоки за развој без Велика Британија
Европската комисија денеска претстави пет можни насоки, по кои ќе се развива ЕУ без Велика Британија.
Извештајот, насловен како „Бела книга“, ги анализира можностите за опстојување на ЕУ. Целта на извештајот е јавноста во ЕУ да учествува во изборот на најдобриот предлог за неа и да ја изрази својата волја на изборите за идниот Европски парламент во 2019 година.
Првата можност е Унијата да продолжи да постои како досега. Втората е од ЕУ да остане само заедничкиот пазар, без слободата на движење да биде целосно заштитена. Третата можност е т.н. ЕУ на неколку брзини - секоја држава да процени во која од заедничките политики да учествува. Четвртата е Унијата да одговара за помалку работи, но поефективно, а последната, петта, е целосна федерализација.
Во документот од триесетина страници претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер ги наведува позитивните и негативните страни на секоја од овие можности. Сите пет идни патишта предвидуваат зачувување на заедничката европска валута.
Јункер очекува предлозите да бидат ставени на детални јавни разгледувања во ЕУ со учество на невладини организации и претставници од властите и политичките партии.
Ново на Сител
-
Укината пресудата за пожарот во модуларната болница во Тетово: Директорите на ново судење, докторот Вучевски на слобода
-
Инаугурација на новата претседателка Гордана Сиљановска Давкова
-
ВМРО- ДПМНЕ и Вреди договорија начела за соработка за идна влада
-
Швајцарија победи на Евровизија
-
Во Скопје посебен сообраќаен режим поради улична трка
-
Бајден: Прекин на огнот во Газа е можен уште утре, доколку Хамас ги ослободи заложниците
-
Рама денеска ќе одржи собир во Атина за Албанците кои живеат во Грција
-
Литванците денеска гласаат за претседател