ЕУ ги продолжи економските санкции против Русија до 31 јануари 2017 година

Советот на ЕУ денеска ја продолжи важноста на економските санкции против определени сектори на руската економија до 31 јануари 2017 година, информира прес службата на ЕК.
Мерките беа воведени на 31 јули 2014 година, првично на една година, како одговор на активностите на Русија во дестабилизирањето на ситуацијата во Украина. Во септември 2014 година мерките беа засилени. Тие се насочени кон финансискиот сектор, енергетиката и одбраната и во сферата на производите со двојна употреба.
На 19 март 2015 година Европскиот совет постигна согласност продолжувањето на санкциите да го обврзе со целосната примена на спогодбите од Минск, што, според планот, требаше да заврши до 31 декември 2015 година.
Бидејќи спогодбите од Минск не беа во целост применети до 31 декември 2015 година, Советот ги продолжи санкциите до 31 јули 2016 година.
Откако направи нова проценка на исполнувањето на спогодбите од Минск, Советот одлучи да ја обнови важноста на санкциите за уште шест месеци, до 31 јануари 2017 година.
Ново на Сител
-

Изгласан Законот за средно полициско училиште
-

Граничниот премин Евзони затворен од 18 до 22 часот по локално време
-

Путин тврди дека Русија ќе ги постигне сите свои цели во Украина, особено територијалните
-

Нова просечна потрошувачка кошничка од 1 јануари 2026 година ќе пресметува Владата, најави Ристески
-

Ја грабнале, жената донела пиштол, мажот ја убил па ја запалиле, детали за убиството во гостиварско
-

Еден загинат во тешка сообраќајка на патот Кочани-Виница
-

Се запали оџак, велешките пожарникари навреме спречија да се запали куќата
-

Влада: Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета
