-->
-->
ЕСМ: ТЕЦ Неготино е вклучен на мрежа и испорачува електрична енергија
-->
ТЕЦ Неготино е синхронизиран на мрежа во 12.20ч и ја засилува својата снага на производство до постигнување 90MW по котел.
Во моментот произведува електрична енергија со еден котел, додека согласно протоколот за работа на термоелектраната, активирање на вториот котел за постигнување на максимален капацитет е планирано за следната недела, по стабилизирање на системот.
Вкупниот капацитет за производство не ТЕЦ Неготино изнесува 180MW, односно инсталиран капацитет колку што има еден блок на РЕК Битола.
Ремонтните и сервисните активности завршија пред 24 часа, по што се пристапи кон вклучување на електраната.
По изградбата на ТЕЦ Неготино во 1978г, ова беше прво отворање и големо ремонтирање на генераторот, стои во соопштението на ЕСМ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости