Ракомет
14. February 2023 - 19:53

ЕЛ: Еурофарм Пелистер вечерва го пречекува португалскиот Агуаш Санташ

ЖИВО 
 
ВЕЧЕРВА  во салата Борис Чурлевски во Битола вечерва ќе врие, ракометарите на Е. Пелистер  го играат најважниот меч од Европската лига против португалскиот Агуаш Санташ. 
Победа на Битолчани ќе значи и пласман во следната рунда на ова натпреварување. Мечот се игра во 20.45ч. 
Еурофарм Пелистер полека се враќа во форма и можност да го потврди е вечерашниот дуел со  гостинот од Португалија Агуаш Санташ кој доколку биде совладан може да го однесе македонскиот претставник во Европа доколку  Мотор Запорожје загуби на гостувањето во Данска кај домашниот Архус. 
Тимот на  тренерот Валтер  нема проблеми и ќе настапи засилен со новиот играч до Данска  Каспер Кисум. Еден од најискусните Жарко  Пешевски не очекува лесен натпревар.